„Хулиганите го избодеа нашиот Михалис, кој сега ќе го врати?“: Роднина на грчкиот навивач скршена во солзи

од Nikola Popovski
436 прегледи

29-годишно момче беше избодено со нож во понеделникот, еден ден пред закажаниот натпревар од третото коло во Лигата на шампионите.

Злосторството ја крена цела Грција на нозе, по што започна масовна потера по убиецот или убијците на момчето во Атина, иако УЕФА им забрани на навивачите да присуствуваат на натпреварот.

Утрото ми се јави сестра ми Ифигенија и ми рече: „Анула“ плачејќи. Мислев дека нешто му се случило на нашиот татко кој има 90 години. Таа рече: „Нашиот Михалис беше избоден од хулигани“, рекла роднината, пренесува N1.

Тетката на 29-годишникот е згрозена од тоа што се случило, додека уште еден навивач на грчкиот клуб се бори за живот.

Нема да го дозволам тоа. Целата плата ја потроши на АЕК. Се за АЕК. Кој ќе застане за него сега? Дали ќе го вратат? Не. На градите го нацрта амблемот на АЕК. Отиде на небото како орел, изјавила расплаканата тетка на Михалис.

Натпреварот е откажан и ќе се игра на 19 август, четири дена откако требаше да се одигра реваншот.

Слични содржини