24 часа пред првиот слободен тренинг за Големата награда на Бахреин, Астон Мартин објави дека возачот на тимот Себастијан Фетел има коронавирус и ќе биде заменет од Нико Хулкенберг. Ова ќе биде четврти старт за Нико за британскиот тим, бидејќи и претходните пати ги менуваше болните колеги.
Серхио Перез ги пропушти двата старта на Силверстон во 2020 година, а Ленс Строл не возеше на ГП на Ајфел на „Нирбургринг“, исто така во 2020 година. Во двата случаи, причината е коронавирус.
Фетел стана деветтиот пилот кој е заразен со коронавирус, една недела по Даниел Рикардо, кој ги пропушти последните предсезонски тестови во Бахреин.
Позитивниот тест на 4-кратниот светски шампион е од утринава, а до синоќа се мислеше дека ќе стартува во Бахреин, па дури беше присутен и во рекламите на тимот за првата трка.