Хулкенберг се враќа во Формула 1

од Vladimir Zorba

Рејсинг Поинт реагираше брзо откако дозна дека Мексиканецот Серхио Перез е заразен со коронавирусот и го најави враќањето на Нико Хулкенберг (32) во Формула 1.

„Бев на пат кон Нирнбергринг за друг проект кога пристигна повикот, кој беше пред помалку од 24 часа. Сè изгледа нереално, но јас сакам добар предизвик и ова е еден од нив“, рече германскиот ветеран чиј договор со Рејсинг ќе важи за двојната рунда што ќе се одржи во текот на следните два викенда во Силверстон.

Хулкенберг ја започна својата Ф1 кариера во 2009 година како тест возач на Вилијамс. Следната сезона, тој влезе во тркачки автомобил.

Интересно е што во 2011 година беше тест возач за тимот на Рејсинг Поинт, кој во тоа време се нарекуваше Форс Индија, па во 2012 година напредуваше до стартен пилот.

До 2019 година, тој возеше за екипите Заубер и Рено. Има освоено 511 поени на 177 трки, но никогаш не се искачи на победничкиот подиум.

Слични содржини