Познато е дека руските зими се крајно сурови и дека тие често знаат да однесат многу животи.
На североисток од Русија, во селото Чурапача, имаше неверојатен минус 54 степени Целзиусови, а едно улично куче се најде во големи проблеми. Имено, неговите шепи беа оковани од мразот додека тоа столе.
За негова среќа, сето тоа се случило недалеку од болницата, па болничарите го спасија и го ослободија.
По спасувањето, персоналот на болницата го загреало и го нахранило кучето.
– Јас и мојот колега отидовме и зедовме апарат за гаснење пожар. Го скршивме мразот, сите четири шепи се залепија на мразот, ногата не беше скршена, туку едноставно отечена – рече еден од оние што го спасија кучето.
Следното утро, животното било пренесено во ветеринарна клиника, каде што ветеринарите дијагностицирале благ смрзнатини на шепите. По кратко лекување, кучето го пронашол својот дом откако го посвоила една од медицинските сестри.