Хуманитарна акција „Од срце за Леонид Индов“

од Stefanija Kuzmanovska
234 прегледи

Градот Скопје со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето на Леонид Индов.

Од утре се отпочнува со хуманитарна акција во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓани кои ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување на Леонид, кој во моментов се наоѓа на лекување во Австрија.

Дополнително, во Петок 23.02.2024 година во 12 часот, во средното училиште на Град Скопје „Георги Димитров“ ќе се одржи голем хуманитарен базар на рачни изработки од средношколци од сите 23 средни училишта под надлежност на Град Скопје.

Слични содржини