Натпреварот помеѓу Србија и Португалија сè уште е во центарот на вниманието на јавноста, а особено деталите во продолжението на мечот кога Кристијано Роналдо очигледно постигна голот за победа на гостите, но тој погодок не беше признат.
Во бес, најдобриот играч на европскиот шампион ја фрли капитенската лента на тревата и го напушти теренот без неа. Дежурен работник на стадионот „Рајко Митиќ“ ја зеде лентата, се обрати до „Спорт клуб“ и сега сака да ја продаде во добротворни цели, за да му помогне на малиот Гаврило Ѓурчевиќ.
Гаврило е петмесечно бебе, на кое му беше дијагностицирана ретка и смртоносна болест СМА тип 1, а единствениот лек што може да помогне е вреден неколку милиони евра.
Затоа е покрената аукција во „Лимундо“, а од познатиот спортски канал велат дека ќе се обидат да допрат до некои светски познати играчи, но и до самиот Кристијано, со надеж дека ќе соберат што повеќе пари и дека оваа приказна ќе го обиколи светот.
https://www.limundo.com/kupovina/Humanitarne-akcije/Zajedno-za-zivot/KAPITENSKA-TRAKA-KRISTIJANA-RONALDA-SA-MECA-SRB-POR/100369817
ФОТО: Спорт клуб