Хуманитарната помош собрана од Црвениот крст на Макеоднија тргнува кон Турција и Сирија

од Stefanija Kuzmanovska
147 прегледи

Хуманитарната помош собрана од страна на Црвениот крст на Северна Макеоднија денеска тргнува кон регионите погодени од земјотресите што минатиот понеделник ги зафати Турција и Сирија.

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, информираше дека до денеска собрани се вкупно 25.120.773 денари парична помош, и два камиона со 800 пакети храна, 1.700 пакети со средства за хигиена и 4.000 ќебиња.

Турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизкок, од друга страна, информираше дека преку разни невладини организации и компании и, како што рече, со браќата и пријателите од оваа земја досега реализирана е испорака на 850 тони прехранбени производи, 53 тони облека, 27 тони хигиенски материјали и 4.360 ќебиња, 186 греалки, 37 шатори, како и 18 агрегати.

До минатиот петок од Македонија се префрлени 1 милион евра пари од граѓани, стопански комори и компании во Република Турција изјави Турскиот амбасадор Секизкок.

„Денеска сме тука заедно со амбасадорот на Република Турција да испратиме првична хуманитарна помош во материјални средства како резерви на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Пратката се состои од 800 пакети со храна, 1.700 пакети со хигиена и 4.000 ќебиња“, истакна Саити на денешната прес-конференција.

Додаде дека ова е првичната хуманитарна помош и изрази надеж дека во соработка со фирмите и компаниите во наредниот период ќе се обезбеди дополнителна помош.

Слични содржини