Германскиот фудбалер Матс Хумелс е нов играч на Рома, соопшти вечерва италијанскиот клуб. Хумелс (35) игра како стопер, во клубот доаѓа од Рим како слободен играч и ќе го носи дресот со број 15.
Германскиот фудбалер одигра 78 натпревари за националниот тим, на кои постигна пет гола, беше член на селекцијата која го освои Светското првенство во Бразил во 2014 година.
Новиот фудбалер на Рома во кариерата настапуваше само за два клуба, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, а пет пати ја освојуваше Бундес лигата. Клубот од Рим моментално се наоѓа на 16. место во Серија А, со два бода.
За потсетување, Хумелс летово под прилично непријатни околности се раздели со Борусија Дортмунд (се скара со тогашниот тренер Един Терзиќ по финалето на Лигата на шампионите), а веќе извесно време е слободен и бара нова работа. Се споменуваше сензационален трансфер во Комо, а потоа како опција се појави Рома.
Хумелс бараше шест милиони нето за две сезони, што е многу, но кога ослободија простор во Рим, по заминувањето на Крис Смолинг (Саудиска Арабија), немаше повеќе пречки.
Рома прилично лошо ја започна Серија А, а досега од три кола избраниците на Даниеле де Роси имаат само два бода. Во последната средба пред паузата поради Лигата на нации, „волчицата“ ремизираше со Јувентус (0:0).