345
Германската актерка со турско потекло Маријам Узерли, која се прослави со улогата на Хурем во популарната серија „Сулејман Величествениот“, се породи на 8 јануари годинава и роди ќерка која таа и нејзиниот избраник ја нарекоа Лили Кои.
Убавата уметница има и седумгодишна ќерка Лара, која ја роди за време на нејзината љубовна врска со Кан Атеш.
Триесет и седумгодишната Маријам реши да им ја претстави својата мала наследничка на своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм, чие лице го покажа за првпат.
Имено, гордата мајка позираше држејќи ги своите наследнички во рацете, а прекрасната семејна фотографија собра голем број лајкови за кратко време.