Синоќа Србија се пласираше во финалето на најпопуларното музичко натпреварување, Евровизија. Групата “Hurricane” со песната „Локо Локо“, ја воодушеви публиката во арената Ахој во Ротердам.
Покрај Србија, во финалето се пласираа и Албанија, Бугарија, Молдавија, Португалија, Сан Марино, Швајцарија, Грција, Исланд и Финска.
Овие десет земји ќе имаат можност да настапат во сабота, на 22 мај.
Синоќа настапија претставници на Сан Марино, Естонија, Чешка, Грција, Австрија, Полска, Молдавија, Исланд, Србија, Грузија, Албанија, Португалија, Бугарија, Финска, Латвија, Швајцарија и Данска.
Hurricane ја воодушевија публиката
Инаку, по настапот на групата „Ураган“, на официјалниот Твитер профил на Евровизија се појави твит: „Рам Ба Ба Бам“, кој е дел од рефренот на песната „Локо Локо“, од страна на членовите на оваа група.