Ние не знаеме кога е купен и кога е регистриран автобусот. Исто така не знаеме зошто не аплицирал за да добие извод од лиценца. Согласно Законот за транспорт во патниот сообраќај, Царинската управа на граничните премини има овластување и мора да го врати превозникот, доколку не поседува извод од лиценца, вели во изјава за Утрински Брифинг, директорот на Државниот инспекторат за транспорт Руфат Хусеини.
-Ако автобусот навистина немал извод од лиценца на граничниот премин Деве Баир не смееле да го пуштат да ја напушти државата. Сепак сметам дека овој пропуст не влијаел врз несреќата. Надлежните органи во Бугарија како причинители за несреќата ги наведуваат условите на патот, исправноста на возилото и човечкиот фактор. Никој не го спомена изводот од лиценцата. Сепак треба да го има, ние ќе провериме зошто го нема, но тоа не е одлучувачки фактор во оваа несреќа, нагласува Хусеини