Хутите им се закануваат на Америка и Британија поради нападот: „Ќе платите висока цена“

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Официјалниот претставник на Хутите, Хусеин Ал Изи, рече дека САД и Велика Британија „ќе платат висока цена“ откако двете земји започнаа напади врз позициите на бунтовничката група во Јемен.

Портпаролот на јеменските Хути изјави дека нема оправдување за оваа акција на САД и Велика Британија, пренесува „Ројтерс“.

Хутите исто така најавија дека ќе продолжат да ги напаѓаат бродовите во Црвеното Море кои пловат кон Израел.

САД и Велика Британија „ќе платат висока цена“ за оваа „очигледна агресија“, изјавил Ал Изи за јеменската телевизија.

Портпаролот на Хутите, Мохамед Абдулсалам, на мрежата X напиша дека Вашингтон и Лондон грешат ако мислат дека нивните напади ќе го „одвратат Јемен од поддршката на Палестина и Газа“.

Слични содржини