Брод бил нападнат денеска во близина на јужниот брег на Јемен, соопштија две британски поморски безбедносни агенции.
Инцидентот се случил во област каде јеменските бунтовници Хути постојано напаѓаат бродови во Црвеното Море во последните месеци, соопшти британската агенција за поморска трговија UKMTO.
Како што се наведува, нема повредени меѓу екипажот и бродот се движи кон следната дестинација, додавајќи дека инцидентот се случил пред 4 часот утринава.
Друга безбедносна агенција, Amri, објави дека брод под знамето на Маршалските Острови бил погоден со проектили во два одделни инцидента, погоден и оштетен.
Хутите денеска објавија дека нападнале американски брод во Црвеното Море, откако поморските безбедносни агенции објавија дека биле истрелани проектили кон брод.
„Поморските сили на јеменските вооружени сили го гаѓаа американскиот брод ‘Стар Ирис’ во Црвеното Море со голем број поморски ракети и ударите беа прецизни и директни“, изјавил портпаролот на бунтовниците Хути, Јахја Сара.
САД вчера објавија дека претходниот ден извршиле нови напади врз позициите на јеменските бунтовници Хути, кои, според Вашингтон, требало да извршат напад врз бродови во Црвеното Море.