Хутите потврдија напади на два брода во Црвеното Море

од Stefanija Kuzmanovska
189 прегледи

Бунтовниците Хути потврдија дека нивните сили со ракети нападнале два брода во Црвеното Море, при што нанеле мала штета на товарен брод кој испловил од пристаништето на градот Ходеида во Јемен.

Портпаролот на Хутите изјави дека цел на групата биле бродовите Morning Tide, кој плови под знамето на Барбадос и е во сопственост на британска компанија и Star Nasia, кој плови под знамето на Маршалските Острови, пренесува „Ројтерс“.

Претходно, британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) и британската поморска безбедносна компанија „Амбри“ соопштија дека еден брод претрпел мала штета откако бил погоден од проектил.

Слични содржини