Хуверфоник ќе ја претставуваат Белгија на Евровизија

од Elena Daskalova
416 прегледи

Белгиската група Хуверфоник, која македонската публика имаше можност да ја чуе минатата година во Македонската филхармонија, е главниот адут на Белгија за годинашната Евровизија.

Хуверфоник ќе настапат со песната „Release Me“.

На официјалниот канал на Евровизија веќе се објавени неколку песни кои оваа година ќе ги претставуваат своите држави. Нашиот Васил Гарванлиев ќе ја отвори Евровизија настапувајќи прв во првата полуфинална вечер, со песната „You“ која наскоро ќе биде промовирана.

Оваа година Евровизија се одржува во Ротердам, Холандија, откако лани победата ја однесе Данкан Лоренс.

Слични содржини