И Јанкуловска е дискриминирана, според Комисијата која слична одлука донесе и за Груевски пред 5 години

од Nikola Popovski
203 прегледи

Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) констатирала дека поранешниот прв човек на полицијата, Гордана Јанкулоска како осуденичка е дискриминирана во затворот „Идризово“ во Скопје. Таа издржува затворска казна од 4 години.

Комисијата утврдила директна дискриминација од страна на Управата за извршување на санкции кон осуденичка од женски пол.

-Подносителката е ставена во понеповолна положба во однос на осудениците од машки пол во поглед на користење на дел од погодностите на осудените лица, пропишани со член 218 од Законот за извршување на санкции, велат меѓу другото во извештајот од Комисијата.

Од КЗД велат дека на Јанкулоска ѝ биле оневозможени посети надвор од установата, одмор, како и работно ангажирање. Според нив „станува збор за погодност кое може да се користи ако осуденото лице одлежало третина од казната или пак има примерно поведение“.

Истата комисија пред речиси пет години констатираше дека поранешниот премиер Никола Груевски бил дискриминиран од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска во процесот „Тенк“ за набавката на „мерцедесот“.

-Комисијата не само што утврди дискриминација без да ја образложи дискриминаторската основа (личен и семен статус) и ја закажа седницата надвор од воспоставената пракса[1], туку на претставката на поранешниот премиер и даде предност пред другите претставки за кои законскиот рок од три месеци е одамна истечен. Утврдувањето на дискриминација во случајот на поранешниот премиер е само уште еден показател за непрофесионалноста и прострасноста на Комисијата, чии членови очигледно ја злоупотребуваат својата функција за да утврдуваат дискриминација кон своите политички истомисленици дури и во случаи каде очигледно нема дискриминација, порачаа тогаш од КЗД.

Потенцираа дека „европски стандард е телата за заштита од дискриминација да бидат ослободени од притисок од страна на државните власти“.

Слични содржини