Првиот интегративец Али Ахмети ,заедно со партиската придружба беа на посета во Општина Желино. Ахмети разговарал со жители од Општина Желино, а се осврнал и на клеветите и тенденциозните конструкции кон него и ДУИ, соопштија од партијата.
„Јас во мојата кариера сум се ангажирал и за слободното говорење и за слободното мислење. Не и припаѓам на плејадата луѓе кои го убиваат слободното говорење бидејќи оценувач на крај е самиот народ. Народот е проценител, коректор и најдобар уредник. Паметните не викаат, малите плачат. Без разлика што се зборува, ние не смееме да отстапиме од нашата агенда и нашите определби кон реализирањето на благородните намери кои ги имаат Албанците во Македонија. Нашата визија ја поддржува и Брисел за постигнувањето на договорот од 2-ри јуни и дека е во корист и на Албанците и на Македонците. Ние бевме во право што покажавме смиреност и трпение за менаџирање на ситуацијата. Во сето таа еуфорија, јас бев свесен дека ДУИ губи, но нашата причина доминираше бидејќи бев свесен дека Албанците ќе ја оценат смиреноста и нашето вклучување во големата политичка криза,” рече Ахмети.
Тој им порача на граѓаните дека не се ангажирал политички за да се збогати и да направи кариера, туку да работи за народот.
Ахмети повика за концентрација на албанските гласови бидејќи фронтот помеѓу Албанците и Македонците е многу силен и строг се уште.
„Не ни требаат 10 партии кои ќе им наштетат на тие десетици илјади гласови на Албанците. Силниот мандат не прави посилни”, рече Ахмети.
