Албанската дијаспора за Македонија ги поддржува граѓанските протести, главен приоритет е да падне власта на Груевски и Ахмети, изборите да се одложат, а Специјалното јавно обвинителство непречено да продолжи со работа и да ги расветли случаите од проектот Вистината за Македонија- јави Телма. Дијаспората ги повикува граѓаните да не наседнуваат на гебелсовата пропаганда на провладините медиуми, зашто како што беше нагласено, оваа власт ги урива темелите на Македонија.
ВМРО ДПМНЕ останаа сами- Истече рокот за доставување на предлози за членови на ИО
-Најголемиот напад врз државата беше кога претстедателот Иванов ги амнестираше криминалците, кои уште не беа обвинети од страна на СЈО. Оваа одлука на Иванов значи уништување на државата и на унитарниот систем во Република Македонија, рече Муса Љамалари Тим Шкупи, претставник на Албанската дијаспора за Македонија од Лондон.
Повеќе ТУКА