„I Am Paul Walker“ – документарен филм за Пол Вокер

од Vladimir Zorba
365 прегледи

Во 2013 година, смртта на Пол Вокер доведе до очај милиони негови фанови, но јасно е дека тие ќе можат повторно да се потсетат на него.

Според „People“, Пол Вокер ќе биде почестен со документарен филм во кој неговите колеги ќе ги споделат своите спомени и искуства со актерот.

Продукцијата ќе биде на „Paramount Network“ и ќе се вика „I Am Paul Walker“. Режисер на филмот е Дерик Мареј, кој исто така стои зад документарецот за Хит Леџер.

„I Am Paul Walker“ ќе го следи животот и успехот на Пол Вокер, како и фаталниот инцидент.

Потсетуваме, актерот го загуби животот во 2013 година во сообраќајна несреќа.

Сè уште нема информации за датумот на премиерата на филмот.

Слични содржини