Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ денеска соопшти дека на неколку авиони „Боинг 737 макс 9“ биле пронајдени олабавени завртки. Станува збор за истиот модел на авион кој го користеле од „Аљаска ерлајнс“ кога прозорец и дел од трупот на авионот експлодираа во воздух во петокот.
„Бидејќи започнавме прелиминарни инспекции во саботата, откривме случаи кои се чини дека се поврзани со проблеми со инсталациите и држачот на вратата, на пример, завртки за кои е потребно дополнително затегнување. Овие наоди ќе бидат коригирани од нашиот технички тим, за да авионот безбедно биде вратен во служба“, соопштиле од „Јунајтед ерлајнс“.
Американската федерална управа за авијација и „Боинг“ не ги коментираа наводите на „Јунајтед ерлајнс“, пренесува „Ројтерс“.