И АВМУ се придружи на низата критики на адреса на Димитар Апасиев

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува недоличното однесување на пратеникот и лидер на политичката партија Левица, професор Димитар Апасиев кон новинарките Габриела Димковиќ – Мишевска и Мери Јордановска од онлајн медиумот „А1он“.

Имајќи предвид медиумите се еден од стожерите на демократијата и како такви треба да бидат ослободени од секаков вид на притисоци и закани, сите, а особено политичарите и носителите на јавни функции треба да се воздржат од омаловажување, дискредитирање и етикетирање на новинари. Надзорот на јавноста е еден од темелите на слободата на политичка дебата и носителите на функции може да бидат предмет на силна јавна критика преку медиумите поради што, тие, наместо да користат непримерна комуникација треба да бидат свесни за за тежината и одговорноста за секој искажан збор.

Агенцијата уште еднаш потсетува на неопходноста од почитувње на европските стандарди за слобода на информирање и апелира да не се употребува јазик којшто може да ги поткопа овие вредности.

Слични содржини