“Ние целосно го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина”, се вели во соопштението.
Исто така е забележано дека Австралија не ја признава “анексијата на Крим и отцепувањето на регионите на Донецк и Луганск кои припаѓаат на Украина”.
Канбера наметне индивидуални санкции против десет лица ,по инцидентот во Керченскиотя теснец”.
Поконкретно меѓу санкционирани се началникот на пограничниот менаџмент на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија во Крим и Севастопол Сергеј Станкевич, како и “тројца лидери од Донецк и Луганска област, кои не се контролирани од Киев”.
Потсетувамее, утрото на 25 ноември бродовите на украинските поморски сили “Берденск”, “Никопол” и “Јани Капу” пловеа во Керченскиот теснец, кога руската крајбрежна стража отвори оган врз украинските бродови при обид да влезат во Азовско Море.
Москва го дефинира инцидентот како провокација од Киев пред претседателските избори во Украина овој месец. Од своја страна, Украина негира дека нејзините бродови ги прекршиле руските државни граници, барем поради тоа што не ја прифаќа окупацијата на Крим од Русија.