
Џо Бајден, кандидат за претседател на Демократската партија на претстојните избори во САД, ќе биде тестиран за корона, откако беше потврдено дека американскиот претседател Доналд Трамп е заразен со Ковид-19, пренесуваат американските медиуми.
Бајден застана во близина на Трамп во вторникот за време на првата дебата на претседателските кандидати пред изборите закажани за 3 ноември.
Трамп претходно објави дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на вирусот, а веста одекна низ целиот свет како бомба.