И Башар Асад проговори за Трета светска војна!

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Ситуацијата денес личи на Студената војна во повој

1476419104-2f
Во интервју за весникот “Комсомольская правда” претседателот на Сирија Башар Асад вели дека според него Студената војна никогаш не е завршена. Запрашан дали не е загрижен дека сириските конфликт може да прерасне во Трета светска војна, тој вели дека ситуацијата денес личи на Студената војна во повој.

АГЕНЦИЈА “ФРАНС ПРЕС”: ТРЕТАТА СВЕТСКА ВОЈНА ЗАПОЧНА!

“Ако зборуваме за проблемот, тогаш нека  се зборува за изворот на проблемот – а тоа е тероризмот. Не е важно кој сега се меша во сириските дела, најважно е кој  секојдневно  ги поддржува терористите. Ако го  решиме тоа, испреплетената слика ќе изгуби значење. Русија, Иран и “Хизбулла” се наши сојузници и тие војуваат против тероризмот. Но има и други земји кои се маткаат со цел одржување на терористите “, вели тој.

“Второ, за третата светска војна. Овој термин се користи често, особено по скорешната ескалација за ситуацијата во Сирија. Денес гледаме ситуација слична на студена војна во раните стадиуми. Тоа се појави неодамна, бидејќи Западот и особено САД не престанаа со Студената војна дури по распадот на СССР “, додава тој