Рома е блиску до обезбедување на уште една ѕвезда. „Волците“ упатија конкретна понуда до поранешниот капитен на Торино, Андреа Белоти, кој е слободен агент. Италијанскиот репрезентативец повеќе сака да се приклучи на тимот на Жозе Мурињо отколку да ја продолжи кариерата во Шпанија или Франција.
Понудата на Рома е за 2-годишен договор со опција за уште една. Платата на Белоти ќе биде 2,8 милиони евра по сезона, но може да порасне и до 3,5 милиони. Медиумите во Италија се сигурни дека напаѓачот ќе даде позитивен одговор, а зделката ќе биде финализирана за неколку дена. Условот е Рома прво да го испрати Елдор Шомуродов во Болоња.
Тренерот на „џалоросите“ Жозе Мурињо сака да има уште еден квалитетен напаѓач во лицето на Белоти и да се менува со Тами Абрахам во текот на сезоната, во која тимот ќе брка место во топ 4 во Серија „А“.
Валенсија, Виљареал, Монако и Ница се останатите претенденти за потписот на Белоти, но 28-годишниот стрелец речиси сигурно ќе ја избере Рома.
До крајот на неделата клубот од „Вечниот град“ се надева дека ќе потпише и со играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Жоржињо Вајналдум.