И Беса со ист услов како АА: Поддршка за Бугарите во Уставот ако „20 проценти“ се замени со „албански јазик“

од Берта Китинска
199 прегледи

По Алијанса за Албанците, и втората опозициска партија од албанскиот блок, Беса, излезе со услов за поддршка на уставните измени, ако истовремено во Уставот се замени и терминот „20 проценти“ со „албански јазик.

„Прво, очекуваме многу порационален пристап од македонската страна во однос на прашањето за ‘20%’, имајќи предвид дека свеста е зголемена и Македонците најдобро го разбираат ова прашање. Мислам дека статусот на македонскиот јазик треба да се реши еднаш засекогаш, не само во Македонија, туку и надвор од Македонија. Исто и статусот на албанскиот јазик, бидејќи е многу понижувачки албанскиот јазик да се идентификува како ’20 проценти‘. Мислам дека тука има услови од сите членови на политичкиот фактор да се реши и од тоа да не се очекуваат политички поени“, рече Арафат Шабани од Беса.

Слични содржини