И деца и дедовци мавтале со тупаници – се испотепале на Водно

од desk2
45 прегледи

На Средно Водно вчера, близу црквата, на големиот празник Успение на Пресвета Богородица, се случила масовна тепачка во која учествувале од деца до стари дедовци.

Како што соопшти МВР, вчера во 12.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на Средно Водно бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.С.(40) и 15-годишен малолетник од една страна и Т.Н.(61), С.А.(82) и Д.А.(60) сите од Скопје од друга страна.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, напоменува полицијата.