Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8.
Максималната темпреатура во јужните делови на земјата и долж повардарите ќе достигне до 39 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Максималната температура во главниот град ќе се искачи до 38 степени Целзиусови.
Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Позначителен пад на температура ќе има од среда.