И денес тутунарите и лозарите револтирани ќе бараат одговори пред Владата

И денес, тутунарите и лозарите ќе го изразат својот револт пред Владата пропратен со протест. Имено, тие ќе бараат, како што велат, одговори за неисполнетите ветувања дека ќе се формира друга откупна цена.

„Од самиот старт на откупот, ние сфативме дека ова е игра. Значи, се земаат квалитетени тутуни во пониски класи, одбитоци од огромни 10 проценти, динамиката е слаба на откуп…ланската година се откупуваа по 1.200.000 кг на ден, а сега по некои 400-500 тони на ден. Затоа ние одлучивме – протест пред Владата за конечно да каже премиерот дали има решение за нашите проблеми или нема“, посочи Игор Мирчески, од ИО на незадоволните тутунари.

Тој исто така, посочува дека имаат уцени и невидени притисоци за да се откажат од денешниот протест, но посочува дека нема да потклекнат.

Македонските тутунари, досега не влегоа во ниту еден пакет-мерки на Владата, заради што бараат барем зголемување на субвенциите, бидејќи како што велат, откупот на тутунот, и покрај досегашните преговори со сите релевантни фактори, вклучително и со премиерот, на територијата на цела Македонија, и понатаму се одвивал по старата шема.

Поддршка на овој протест ќе дадат и од Здружението на лозари од Тиквешијата.

Слични содржини