Денеска продолжуваат протестите и контра-протетсите по одлуката на претседателот за аболиција на политичари носомничени за криминал.

Протестот повторно ќе започне пред Собрание во 18 часот. Од граѓанското движење „Протестирам“, велат дека секој ден ќе се собираат се додека не им се исполнат барањата.
И од ГДОМ велат дека нема да седат со “скрстени раце” и повторно ќе се соберат пред централата на СДСМ. Тие вчера протестираа против аболиција на Заев и Верушевски и за избори на петти јуни.