И двaта грчки дерби дуели ќе ги судат странски судии

од Симе Стоиков
242 прегледи

За викендот се закажани значајните натпревари од второто коло од плеј-офот на грчкото фудбалско првенство, каде правдата ќе ја делат странски судии.

Грците не отстапуваат од практиката што ја воведоа пред неколку години – најважните натпревари ги судат странски судии.

Словенецот Матеј Југ овојпат ќе го води мечот меѓу АЕК и Олимпијакос, додека Данецот Микел Рендер е делегиран за дуелот меѓу Панатинаикос и ПАОК.

Во двата меча помошници ќе бидат исто странци, заедно со Југ неговите сонародници, Словенци, додека на Рендер ќе му помагаат сонародници и и во ВАР просторијата.

Споменатите клубови моментално ги заземаат првите четири позиции на табелата. Актуелниот шампион АЕК е лидер со 62 бода, ПАОК има два помалку, трет е Панатинаикос со 59, а Олимпијакос заостанува со 57.

Слични содржини