И Елтон Џон го напушти Твитер, Маск упати прашање кон музичарот

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Британскиот музичар Елтон Џон го напушти Твитер во петокот, придружувајќи се на низата познати личности кои ја напуштија социјалната мрежа откако ја купи милијардерот Елон Маск.

Џон, кој моментално е на својата последна светска турнеја, како причина за неговото заминување ја наведе неодамнешната промена во политиката на Твитер.

„Цел живот се обидувам да ја користам музиката за да ги зближам луѓето. Но, сега ме растажува кога гледам како се користат дезинформации за да се подели нашиот свет“, објави Џон на Твитер, каде има повеќе од 1,1 милион следбеници.

„Одлучив повеќе да не го користам Твитер, со оглед на неодамнешната промена на политиката, која ќе дозволи дезинформациите да цветаат неконтролирано“, додаде тој.

„Ја сакам вашата музика. Се надевам дека ќе се вратите. Дали има некои лични дезинформации кои ве загрижуваат“, праша Маск како одговор на објавата на Џон.

Слични содржини