131
Помеѓу 15 и 20 март кај првообвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски се одвивала средба на која бил присутен и министерот за здравство Венко Филипче, тврди бизнисменот Орце Камчев.
Кој беше присутен на средбата во мојот дом меѓу 15 и 20 март, кога зборувавме за бизнис проект? го праша Боки 13 Камчев.
Сведокот не сакаше да даде одговор, но откако судијката инсистираше на , Камчев рече: „Бевме јас, ти, жената што ти чисти, Кичеец и министерот за здравство, рече Камчев.
Потоа Јовановски инсистираше да каже за кој министер станува збор, а тој рече дека бил Венко Филипче.
И.Р.
Фото: Борче Поповски