Актерот Алек Болдвин (64) повторно се најде на мета на обвинувања, овој пат на филмската екипа на филмот „Rust“.
Тројца членови на екипата на филмот поднеле тужба против Болдвин и режисерот на филмот, пишува TMZ. Персоналот тврди дека страдале од анксиозност и посттрауматско стресно растројство откако Алек ја застрелал камерманот Халина Хачинс.
Алек се изјасни за невин на судењето во четвртокот. Набргу потоа следеше нова тужба, поднесена од Рос Адиего, Доран Кертин и Рис Прајс, кои биле во близина на актерот во моментот на инцидентот. Како што тврдат, тие се здобиле и со повреди на слухот откако актерот испукал куршум од пиштолот.
Во тужбата навеле дека актерот не внимавал доволно на тренинзите со огнено оружје, како и дека не проверувал соодветно дали пиштолот е наполнет со куршуми.
Да потсетиме, обвиненијата за убиство од небрежност беа сведени на актерот, а можно е да добие и помала затворска казна.