Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, исто така се надева дека Килијан Мбапе нема да го напушти Пари Сен Жермен. Се шпекулира дека напаѓачот на лето ќе ја напушти француската престолнина и ќе се пресели во Реал Мадрид.
„Оставајќи го фудбалот настрана, Килијан е важен бидејќи влева надеж кај нашите млади луѓе. Затоа сакам тој да остане. Само сакам да кажам дека многу го сакаме. Ова е љубов, приврзаност. Кажете му дека за нашиот град, и за земјата, тој е одличен пример за толку многу млади луѓе“, рече Идалго за време на гостување во ТВ-емисија.
Неодамна дури и францускиот претседател Емануел Макрон го повика светскиот шампион да продолжи да игра во земјата.