И Хрватите ќе се пребројуваат: За околу три недели ќе почне Пописот

од desk4
184 прегледи

За околу три недели и во Хрватска ќе се пребројува населението. Во првата фаза, тоа ќе  биде преку апликацијата е-граѓани. Ќе се попишуваат домаќинства и живеалишта, по што како што пишуваат хрватските медиуми, ќе се види дали Хрватска има помалку од четири милиони жители, каков е составот на населението по возраст, образовние, миграциски, економски карактеристики, државјанство, вера, мајчин јазик, главните извори на приход на граѓаните, во какви станови и куќи живеат .

Со оглед на епидемијата, се поставува прашањето како да се спроведе попис со минимален ризик, бидејќи втората фаза од пописот кога скоро 8.000 попишувачи излегуваат на терен се случува кон крајот на септември и октомври. Инаку, според најновата проценка на Централното биро за статистика (ЦБС), Хрватска минатата година имала 4,047 милиони жители, вклучувајќи скоро 863 илјади луѓе на возраст од 65 години и повеќе, и 775 илјади деца и млади до 19 години.

Во Македониа пописот ќе почне за околу две недели. Ќе се спроведе прпват по речиси 20 години.