„И кажав дека не можам така да го оставам моето дете“: Убиецот на трудницата им оставил проштално писмо на родителите

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Сокољ Халили, кој вчера се самоуби откако ја уби бремената сопруга пред гинеколошката клиника во Приштина, наводно им оставил проштално писмо на родителите.

Како што пишуваат албанските медиуми, Халили напишал долго проштално писмо, во кое изјавил дека претходно немал проблеми со сопругата Хамиде Магаши.

На почетокот на писмото наведува дека проблемите започнале кога Хамиде останала бремена. Тој истакна дека свесно ја убил сопругата и срамно ја обвинил дека „со сестрите прави план да му го одземе детето“.

Халили наведува дека сопругата побарала од него да се разделат и дека сама ќе го одгледува детето во куќата на нејзиниот татко, а за тоа, според информациите во прошталното писмо, му понудила 25.000 евра.

Тој го опиша и моментот кога пукал во Хамиде.

„И кажав дека не можам да го оставам моето дете така. Ја застрелав двапати во телото. Кога падна на земја, повторно и пукав во главата. Видов погреб пред очи“, наводно напишал Халили.

Да потсетиме, Халили се самоуби вчера кога беше опколен од полицијата која два дена го бараше.

Халили во средата вечерта ја уби сопругата, која била во деветтиот месец од бременоста. Тие беа во брак само четири месеци, по што се разделија поради семејно насилство. После тоа Хамиде отишла да живее во куќата на нејзините родители во Липљање.

Ден пред убиството отишла во клиника во Приштина на преглед пред породувањето, што се очекувало следната недела.

Халили добил забрана за приближување бидејќи на 10 август во куќата на нејзините родители и се заканувал на сопругата. Се покажа дека осомничениот е осуден и казнет од судот во Урошевац за носење оружје без дозвола.

Слични содржини