Нова дојава за бомба испратена до скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“.
На ученици од средното училиште им било кажано да ги напуштат просториите, информираат од таму за „Локално“.
Ова е втора дојава за бомба во текот на денот, откако пред речиси час и половина беше соопштено за дојава во училиштето „Никола Карев“.
„Денеска (28.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адресa на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштeто и антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.
Во последните два денови имаше лажни дојави за бомби во неколку средни училишта во главниот град.
Според изјавите на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во оваа фаза е познато од каде се пратени мејловите за лажните дојави и дека полицијата работи интензивно заедно со партнерските служби за да се дојде до сторителите.