Формула 1 и Дизни објавија ново партнерство кое ќе ги прикаже некои од најпознатите ликови на медиумската компанија во светот на мотоспортот. Значи, од почетокот на 2026 година, ќе ги гледаме Мики Маус и други популарни ликови како се појавуваат во „доживувања, содржини и производи“ поврзани со Светското првенство.
Комерцијалната директорка на Формула 1, Емили Презер, објасни дека договорот бил корисен за двете страни.
„Ќе ги запознаеме Мики и неговите пријатели со нашите фанови, а тие ќе ја претстават Формула 1 на своите“, објасни Прајзер. „Ова совршено се вклопува со нашата стратегија да одиме подалеку од светот на спортот и да достигнеме поголем пазар, како и да го претставиме Дизни на нашите 820 милиони фанови ширум светот.“
Сè уште нема детали за тоа како ќе се појави Мики Маус во Формула 1, но Дизни ветува „производи што фановите ќе ги обожаваат“.