165
Јас сум свесен како претседател на Собранието и како носител на јавна функција сензацијата е поголема кога се работи за член на семејството на носител на јавна функција. Во секој случај како сите граѓани во државата, така и моите деца ги уживаат сите права и можности во ова општество. Ова го кажа Претседателот на Собранието, Талат Џафери откако неговиот син се најде на листата на положени идни судии и обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители.
Во однос на отворениот случај од Антикорупциска, тој вели дека процесот е запрен, односно не можело да се утврди злоуотреба од страна на синот Барлет.
„Работата на институциите е друга работа и тоа не не засега ни мене ни, мојот син“, порача Џафери.