И на адреси на функционери од Кичево и Ресен незаконски се издавани лични карти

од desk3
102 прегледи

Се проширува списокот на адреси на кои незаконски се издавани лични карти ширум земјава. По Скопје, МВР открива и дека на адреси на функционери од други градови биле издавани десетици лични карти- информира 24 Вести. 

licni-karti-1
Во домот на раководителот на подрачниот ЦУК од Ресен биле регистрирани дваесетина гласачи од Пустец. И на адресата на директорот на гимназијата во Кичево биле заведени 18 лица кои незаконски и без потребната документација добиле лични карти и гласале на изборите во 2011 и 2013-та.

Се “затега” на Блискиот Исток- Бахреин ,OAE и Судан ја следат С. Арабија, ги прекинаа дипломатските односи со Иран

Извори од МВР за 24 Вести велат дека се истражува на територијата на цела Македонија, во сите градови. Ќе се бара кривична одговорност од сите инволвирани, но засега не се знае дали дел од вработените кои ги признале делата ќе бидат користени како сведоци или „свиркачи“ во понатамошниот тек на постапката.

Повеќе ТУКА