И официјално – СДСМ истапува од коалицијата Граѓани за Македонија

од desk3
79 прегледи

 

Пвриот опозиционер Зоран Заев, денеска информираше дека СДСМ истапува од коалицијата Граѓани за Македонија.

1265704-thumb

„И официјално ги известуваме граѓанските организации за формално правно разединување. Се заблагодаруваме за добрата соработка, чесно е и тие да имаат активна независна улога. Опозицијата влегува во Парламентот на 1. септември, а на 20 Октомври во Владата. Ја продолжуваме соработката за демократизација на државата, но не во коалиција“, вели Заев.

Коалицијата Граѓани за Македонија обединува 70 невладини организации и 15 партии, а заедно настапија на граѓанскиот протестен митинг на 17 мај.