И Османи му честиташе на Гаши: Албанците одиграа клучна улога во формирањето на С.Македонија

од Nikola Popovski
1,6K прегледи

Покрај претседателот на косовското Собрание, Глаук Коњуфца, и косовската претседателка Вјоса Османи му честиташе на Африм Гаши за неговиот избор на функцијата претседател на македонскиот Парламент, велејќи дека „Албанците од Северна Македонија одиграле клучна улога во формирањето и изградбата на државата“.

„Му честитам на новоизбраниот претседател на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши. Албанците од Северна Македонија одиграа клучна улога во формирањето и изградбата на државата Северна Македонија, а денес се и клучен фактор што придонесува за нејзината европска перспектива“, напишала Османи на социјалната мрежа „Х“.

Таа додала дека Косово и Македонија имаат одлични односи, засновани на меѓусебно почитување, пријателство и соработка, при што на Гаши му посакала многу успех на новата функција.

Слични содржини