И овој викенд на Водно ќе има засилени инспекциски контроли

од Берта Китинска

За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските инспектори и овој викенд ќе продолжат да вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини.

-Градските комунални редари изминатиот викенд на Водно вршеа засилени контроли за непрописното паркирање на јавни површини и изрекоа вкупно 76 казни за паркирање во зеленило (14 во сабота и 62 во недела). Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари за време на викендите на Водно не се создава сообраќаен метеж, а посетителите имаат оптимални услови за рекреација, велат од Град Скопје.

Слични содржини