Од 1 јули до 14 јули, сите очи се фокусирани на „Вимблдон“. Освен најстариот тениски турнир во
светот, тој е и еден од четирите Гренд слем турнири и е единствениот од нив кој се игра на трева.
Самиот Вимблдон е населба во англискиот главен град Лондон.

Престижниот шампионат, како и секоја година, привлече голем број на англиски ѕвездени
личности, кои се чини го искористија настанот како моден подиум.
https://www.instagram.com/p/Bzp8wfNhJuk/?utm_source=ig_web_copy_link
На 8 јули турнирот беше посетен и од сестрата на војвотката на Кембриџ Кејт – Пипа Мидлтон. Таа
избрала розов фустан на Стела Макартни.
Пред тоа на „Вимблдон“ се забавуваа и самите војвотки – Кетрин и Меган.