И Питер Фејт во преговорите- и Охридски рамковен тема

од Vladimir Zorba
87 прегледи

 Имплементацијата на Охридскиот рамковен договор е на дневен ред на состанокот на работните групи на четирите партии. Американскиот дипломат Питер Фејт, на покана од ДУИ, имал презентација, по што се отворила дискусија. Наводно тоа ќе биде само еднодневна дебата, а Фејт кој одамна е инволвиран со ДУИ тоа можел најдобро да го објасни.

piter_fejt_0

Владеачката ДУИ смета дека сеуште не е постигнат здоволителен процент на вработеност на албанците во државната администрација, на локално ниво не се применуваат законите за адекватна застапеност и за употреба на албанскиот јазик, а се отвора и прашањето една од трите најважни функции во државата (претседател, премиер и претседател на Собранието) да им припадне на Албанците.

Она што е посуштествено е менувањето на тајминзите , и   усогласување по Акцискиот план што во јули го предложи Владата по Извештајот на Прибе. Опозицијата бара заедничко утврдување на обврските со рокови и со поголема транспарентност. Можно е да се разговара и за формирањето Анкетна комисија за скандалот со прислушуваните разговори.