И по оваа ноќ преговори -Нема договор за изборниот законик

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Вчерашните преговори на работната група  до доцна во ноќта повторно завршиле без успех – не е постигнат договор за  изборната регулатива.. Неизвесно е дали попладне повтроно ќе се продолжи , или првин ќе уследат здружените предупредувања  реакции од САД и ЕК па потоа ќе легнат работите.

клуб пратеници

Засега има реакција само на еврокомесарот Аиво Орав, што ја пренесе Плусинфо

– Многу сум разочаран што преземената обврска за постигнување на договор до 6 октовмри, а лидерите не ја испочитуваа – вели Орав во кратката изјава.

Сепак познавајќи го менталниот склоп на  власта и на вмровската политика  за очекување беше дека вака ќе реагираат,  откако мораа да го голтнат  и повлечат морбидниот цензорски предлог -закон. На следната многу итна средба , веројтано уште денеска , се ќе се договорат.