Вработувањето во САД се подобрило во мај, бидејќи работодавците отвориле нови 559.000 работни места, соопшти денеска Министерството за труд.
Бројот на нови работни места е помал од очекуваниот 671,000, како што предвидоа економистите, но не е толку слаб за да се постави посериозен сомнеж за закрепнувањето на економијата, иако не е доволно да ги наведе Федералните резерви да започнат со намалување на програмите за откуп на обврзници , оценува „CNBC“.
Според мајскиот извештај на Министерството, стапката на невработеност паднала на 5,8 проценти од 6,1 процент во април, додека стапката на учество на работната сила благо паднала на 61,6 проценти.
Министерството ја ревидираше нагоре бројката за нови работни места отворени во април на 278,000 од 266,000 претходно објавени.
Умерено силни податоци за вработување во мај поттикна мал пораст на цените на акциите на Вол Стрит. Индексот S&P 500 порасна за 0,7 проценти, индустрискиот Дау Џонс за 0,3 проценти, а технолошкиот Nasdaq Composite за 1,4 проценти, додава „CNBC“.