Трикратниот Гренд слем шампион, Енди Мареј нема намера да се откаже во блиска иднина, објави тој откако го продолжи својот старт без победа во новата сезона.
Двократниот шампион на „Вимблдон“ беше елиминиран уште во првото коло во Бризбејн, потоа на Австралија опен и последно на стартот на меѓународниот турнир во Монпелје (Франција).
36-годишниот Мареј загуби од домаќинот Беноа Пер со 6-2, 6-7(5), 3-6 и нема добиено натпревар откако го победи Јаник Ханфман (Германија) во Базел во октомври 2023 година. По борбата, некои се прашуваа дали е време да ја заврши кариерата, но Шкотланѓанецот вети дека ќе продолжи да се бори.
„Ги потценувате моите достигнувања? Во моментов се наоѓам во лош период. Повеќето луѓе би се откажале во мојата ситуација. Но, јас не сум повеќето луѓе и мојот ум работи поинаку. Нема да се откажам. Ќе продолжам да се борам и да работам за да настапувам на начини на кои знам дека сум способен“, напиша Мареј на социјалните мрежи.