И покрај разликата во годините, Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас прославија 19 години брак

407 прегледи

Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс се родени на исти ден, 25 септември, но холивудскиот актер од убавата сопруга е постар дури 25 години.

Денес слават 19 годишнина брак, во текот на кој добија две деца, синот Дилан Мајкл и ќерката Сајрус Зета.

Во 1996 година, на приватна проекција Мајкл Даглас се загледал во прекрасната жена, која ја имала главната улога во „The Mask of Zorro“.

„Секогаш раскажува како се заљубил во мене кога прв пат ме здогледал на големото платно“, открила во едно интервју Кетрин Зета- Џонс за својот сопруг, со кој се запознала есента 1996 година на филмскиот фестивал во Довил, на кој таа го промовирала својот филм „The Mask of Zorro“, а Мајкл „A Perfect Murder“.

„Ми рекоа дека Мајкл Даглас сака да ме запознае. Бев многу нервозна бидејќи не знаев зошто сака да ме запознае“, се присетила актерката.

Кога стигнала во хотелот го здогледала Даглас, но тој само поминал покрај неа носејќи палки за голф.

View this post on Instagram

The man of my dreams ♥️ @michaelkirkdouglas

A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) on

„Му реков на брат ми, кој беше со мене, дека ми се чини како и да не сака баш да ме запознае бидејќи само помина покрај мене, не ме ни забележа“, додала Кетрин.

Сепак, Даглас и тоа како ја забележал, но ги замолил своите пријатели, Мелани Грифит и Антонио Бандерас, службено да ги запознаат. На официјалната вечер, како вистински кавалер, ја замолил да седне покрај неа. Но бидејќи тоа била вечера организирана по поводот премиерата на „Зоро“, Кетрин имала многу обврски, па Даглас ја замолил подоцна да му се придружи на пијалок во хотелскиот бар.

„По половина час разговор искрено и реков: ‘Знаеш дека ќе бидам татко на твоите деца.’ Ми звучеше сосем нормално, а таа ми одговори: ‘Знаеш, слушнав многу работи за тебе и видов многу, затоа мислам дека време е да ти кажам добра ноќ“, открил Даглас во едно интервју.

Наредниот ден Кетрин заминала од Довил, но Даглас не се откажал од својот план. И пратил цвеќе и извинување, потоа тие продолжиле да се дружат и тоа толку внимателно и споро што прв пат се бакнале дури девет месеци подоцна.

View this post on Instagram

We are family❤️#throwbackthursday

A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) on

Својата врска пред јавноста ја откриле дури во 1999 година, на премиерата на нејзниот филм „The Trap“ во Единбург. Тогаш Кетрин на присутните новинари им изјавила: „Мајкл е тука вечерва од една причина. Сакаме јавно да кажеме дека сме заедно“.

Слични содржини